Имајќи ја во предвид моменталната состојба на нивото на водата на Подгоречкото езеро, преку кое населба Подгорци се снабдува со вода за пиење и друга намена, како и зголеменото трошење на истата од страна на жители на ова населба, Месната Самоуправа Подгорци, врз основа своите активности кои се однесуваат на контрола и  снабдување на населбата со потребните количини на вода, и избегнување на можноста од доведување во прашање нормалното снабдување на населбата, воведува рестрикции во снабдувањето со вода и тоа во следниот временски период:

00:00 (на полноќ) до 05:00 (наутро) часот, секој ден.

Во ова пригода би сакале уште еднаш да апелираме до жителите на населба Подгорци на што порационално користење на водата, односно нејзино злоупотребување (прскање на бестонски, асфалтни површи, како и наводнување на друг вид површини), со што не би се довеле во состојба временскиот период на овие рекстрикции да биде проширен и на други временски периоди во текот на денот.

Во прилог, ви го прикажуваме известувањето на МС – Подгорци