Македонските државјани од денеска може да влезат во Бугарија со приложен негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Бугарската Влада вчера одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и за Северна Македонија.

Освен од Северна Македонија, со приложен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, во Бугарија ќе можат да влезат и државјани на Србија, на Молдавија, на Израел и на Кувајт. Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.

За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот.