Талибанците денес најавија тридневен прекин на огнот во Авганистан за време на муслиманскиот празник Курбан бајрам, кој почнува од 31 јули, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот Забихулах Мујанед изјави дека муџахедините ќе го следат одвивањето на примирјето за време на трите дена од Бајран.

„Исто така, сите муџахедини (талибански бунтовници) мора да бидат внимателни бидејќи на ниту еден од нив не им е дозволено да преминат во подрачја под контрола на владата“, се вели во соопштението.

Претходно, авганистанскиот претседател Ашраф Гани вети дека ќе ги ослободи сите 5.000 талибански милитанти како дел од договорот за размена на затвореници меѓу САД и Талибанците и ја повика милитантната група да се подготви за преговори во наредните денови.

Авганистан е средиште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза, која се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили.

Постојана закана за безбедноста претставува и терористичката организација ДЕАШ, која по поразите во Ирак и Сирија значително ги интензивира своите активности на авганистанско тло.

Anadolu