Кисва, прекривката на Ќаба, сменета е додека трае обредот на аџилак со ограничен број луѓе поради пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што наведува саудиската новинска агенција СПА, и оваа година, како и претходните, сменета е прекривката на Ќаба.

За изработката на прекривката се употребени околу 670 килограми чиста свила, 120 килограми злато и 100 килограми сребро, а во нејзината изработка учествуваа 200 работници.

Изработката на прекривката се состои од неколку фази, меѓу кои боење на свилата, украсување на платното, како и спојување на деловите.

– Кисва се менува на Денот на Арефатот 

Кисва се менува на Денот на Арефатот, а старата прекривка се мие со зем-зем вода откако нејзините делови ќе бидат пратени во музеите или подарени на одредени официјални претставници.

Властите на Саудиска Арабија ги држеа аџиите во карантин пет дена во нивните хотели во Мека, пред аџилакот, во рамките на мерките против Ковид-19.

Министерството за аџилак и умра на Саудиска Арабија претходно објави дека обредите за аџилак оваа година, поради пандемијата на Ковид-19, ќе ги извршат само државјаните на Саудиска Арабија.

Претходните години обредите за аџилак ги извршуваа 2,4 милиони лица од различни делови на светот, а оваа година тој број е ограничен на 10.000.


Anadolu