Најмалку едно лице загина во бомбашки напад во покраината Лагман на источниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на гувернерот на Лагман, Асадула Девлетзеј, за новинарите изјави дека нападот е извршен во местото Митарлам во централниот дел на покраината.

Тој истакна дека е активирана бомба поставена на мотоцикл.

Потврди дека во бомбашкиот напад загинал еден цивил и дека деветмина се ранети.

Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот.


Anadolu