Египет во Сирија испрати околу 150 војници кои ќе се борат во редовите на режимот на Асад. Овие војници во кооринација со припадниците на Иранската револуционерна гарда и другите терористички групи поддржани од Иран, испратени се на фронтот јужно од Идлиб и во руралните делови на Алепо, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите до кои дојде новинар на АА од доверлив извор на воената опозиција, околу 150 војници кои пристигнале од Египет, изминатите денови слетале на воениот аеродром „Хама“, кој е под контрола на режимот на Асад.

Овие војници кои се во координација со Иранската револуционерна гарда и другите терористички групи поддржани од Иран, се поделија во две групи.

Еден дел замина во подрачјето Хан Асел, кое се наоѓа во руралниот предел на Алепо, додека другиот дел пристигна во местото Серакиб, јужно од Идлиб.

Овие војници вооружени со лесно оружје, се позиционираа на линијата на фронтот во споменатите подрачја.

– Состојбата во Идлиб

На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за четири деескалациски зони во Идлиб и во соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо), но режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз три од овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.

Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција. Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција. По краткотрајниот прекин на огнот, во мај 2019 година силите на режимот започнаа копнени операции за освојување на целата територија.

Во тие операции на режимот и неговите поддржувачи, освоени се значајни територии во околината на Идлиб, подрачја северно и источно од Хама, како и рурални области што се наоѓаат јужно и западно од Алепо. Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година досега, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.800 цивили, а приближно 2 милиони цивили мигрираа.

Министерството за национална одбрана на Турција на 10 јануари објави дека Турција и Русија се согласиле за прекин на огнот кој ќе започне на 12 јануари 2020 година во 00:01 часот, но режимот на Асад и неговите сојузници ги продолжија своите напади во Идлиб, игнорирајќи го прекинот на огнот. По тоа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател во Москва на 5 март обезбедија нов договор. Последниот договор за прекин на огнот стапи на сила на 6 март 2020 година од 00:01 часот.

И покрај повремените повреди на договорот од страна на режимските сили, прекинот на огнот во голема мерка се почитува.


„Anadolu“