(Фото/Видео) Со традиционалната Подгоречка алва, посакано добредојде на Курбан Бајрам

0

Имајќи го во предвид продолжувањето на нашата Подгоречка традиција на подготвување на традиционалната алва по повод претстојниот празник Курбан Бајрам, и оваа година без оглед на околностите со кои се соочуваме, недостаток на нашите печалбари без кои амбиентот ние сиромашен, како и заради одредени мерки на пандемијата на корона вирусот, сепак ова наша традиција успеавме да ја реализиравме по четврти пат и најавиме почетокот односно доаѓањето на Курбан Бајрам.

Како што веќе и забележавте, тука веќе ги имаме како и секогаш повеќето исти лица кои се дел од организацијата и кои се трудат истата да продолжи и реализира како поред.

Подготвената алва, како и секоја година се дели на сите оние кои ќе нё посетат, а преостанатиот дел ќе се потрудиме до го доставиме до најблиските домови на нашава населба.

Во ова пригода, во мое име и име на сите оние кои беа дел од ова годишна традиција, би сакале на сите муслимани да им го честитаме Курбан Бајрам, да им посакаме се најдобро, здравје , мир , бериќет и хармонија во нивните домови, и се разбира иншАллах следната година оваа наша традиција да биде уште поубава, и се разбира побогата со нашите печалбари, односно оние кои заради горе наведените околности, не беа во можност да бидат во своите родни краишта, меѓу своите овде.

Притоа , да не заборавиме, да имс е заблагодариме на сите оние кои како донатори на некој начин допринесоа за продолжување на оваа наша заедничка традиција, која коако што наведовме се оддржува по четврти пат и прераснува во вистинска традиција.

Стои во кратката изјава од реализацијата на годинешнава 4-та по ред на Подготвување на Подгоречка алва, по повод Курбан Бајрам.

Нека ни е за многу години.