Албанскиот Парламентот со мнозинство гласови го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот со што се укинуваат изборни коалиции. Изненадување во гласањето, како што и се очекуваше, немаше. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници не присутвуваа на седницата.

Вонпарламентарната опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, се спротивстави на овие измени, сметајќи дека се еднострани и штети за неа. Дебатата следуваше по серија средби на Политичкиот совет во кој членуваат претставници од сите страни, но без никаква полза, бидејќи партиите одбија да се откажат од своите позиции.

Гласањето следуваше по четиричасовна жолчна расправа во која учествуваше и премиерот Еди Рама, кој убедливо изјави дека „изборните коалиции денеска се бришат“. Тој рече дека со измените, албанските гласачи ќе можат да гласаат не само за партија, туку и за пратеникот што го сакаат. Додаде дека кој и да се спротивстави на ова е на погрешна страна и против својот народ бидејќи нема доверба во неговиот народ.

Каква ќе биде реакцијата на странците, кои апелираа да нема еднострано изгласување на уставните измени останува да се види. Во меѓувреме познавачите на политичките состојби во Албанија оценуваат дека поради изгласувањето на измените, без согласност на вонпарламентарната опозиција, ќе ја влоши политичка состојба во земјата, што ќе влијае на парламентарните избори, кои треба да се одржат во јуни до година.

NovaTV