Лидерите на ОАЕ по повод претстојниот празник Курбан Бајрам испратија честитка им посакаа се најдобро на својот народ на целиот арапски и муслимански.

Претседателот Шеик Калифа денес на Денот на Арафат испрати честитки до лидерите на арапските и муслиманските земји.

Најдобри желби ги испратија и шеикот Мохамед бин Рашид, потпретседател и владетел на Дубаи и шеикот Мохамед бин Зајед, крунскиот принц на Абу Даби и заменик врховен командант на вооружените сили.

 

Шеик Калифа им посака здравје и среќа на лидерите и натамошен напредок и просперитет на арапскиот и муслиманскиот народ. Тој посака достоинство и слава за арапските и исламските нации.

Шеик Мохамед и Шеик Мохамед ги споделија своите пораки на социјалните медиуми.

„Мој брате, мој поддржувач, наш водач, Мохамед бин Зајед Ви го честитам и ви посакувам се најдобро по повод Курбан Бајрам“, истакнал Шеик Мохамед во видеото објавено на Твитер.

„Нека ни биде чести и среќен Курбан Бајрам на нашата земја и народот.

„Нека биде светла нашата иднина. Нека сите луѓе во светот живеат во среќа и хармонија и просперитет “.

„Ви посакувам сё најдобро“, истакнал тој во истото видео.

„Благодарноста му припаѓа на Аллах, што и ова година живееме во мир, со добро здравје и имајте долг живот.

„Посакувам безбедност за вашите семејства и вашата земја“.

Во посебен твит, Шеик Мохамед изјавил: „По повод Курбан Бајрам, исто така, испраќам честитки на Претседателот на ОАЕ, Потпретседателот, Владетелите и луѓето во Обединетите Арапски Емирати.

„Особено ги прошируваме нашите желби за нашите херои од првите редови, на децата и на семејствата на шехгидите. Благословен и просперитетен Курбан Бајрам за сите“.

Курбан Бајрам започнува на 31 јули и трае до 2 август. Во ОАЕ се слави како четиридневен државен празник.

Властите ја повикаа јавноста да се придржува кон мерките на безбедност и да избегне големи собири, да го спречи ширењето на „Ковид-19“.

Луѓето ќе се молат дома бидејќи џамиите и местата за јавна молитва остануваат затворени.

Домашните посети мора да бидат ограничени на роднини од прв и втор степен, а луѓето треба да носат маски и да одржуваат минимално растојание од два метра од едни на други.