Најмалку осум лица се повредени во напад на непознати лица врз трговски центар во Берлин.

Службите за спасување во Берлин објавија на Твитер дека неколку лица се повредени кога неидентификувани криминалци фрлале солзавец во трговскиот центар.

– Неколку повредени во Кројцберг. Ние сме на терен во продавницата во Херманплац – беше објавено на Твитер.

Полицијата потврди дека нападот се случил во Херманплац и дека метро станицата е затворена поради тековната операција, објави Спутник.