(Видео) Пожар во Брисел: Гори зградата на Светскиот трговски центар

0

Пожар во зградата на Светскиот трговски центар во Брисел, пренесува хрватски „Индекс“. Огнот е забележан во техничка просторија на 27 кат од објектот. Од внатрешноста излегува густ црн чад, а шефот на противпожарната бригада на Антверпен, Берт Бругеманс рече дека станува збор за „сериозен пожар.

Според информации на белгиските медиуми, нема повредени во пожарот во кој е запален изолациски материјал. Зградата моментно е надвор од употреба бидејќи се реновира, а при избивање на пожарот во неа имало само неколку работници кои успеале навреме да се евакуираат.

Извор:НоваТВ