Од безбедносни причини прекината прес-конференција на Доналд Трамп

0

Прес-конференцијата во организација на претседателот на САД Доналд Трамп е прекината од припадниците на безбедноста, по што Трамп ја напуштил салата, јавува Агенција Анадолија (АА).

За време на дневната прес-конференција во Белата куќа на која се обраќал претседателот Трамп, припадниците на тајната служба го извлекле американскиот претседател надвор од салата.

Притоа, на припадниците на медиумите не им било дозволено да ја напуштат салата. За кусо време Трамп се вратил во салата.

Истакнувајќи дека надвор од Белата куќа се слушнале истрели, Трамп рекол: „Состојбата е под контрола“.

Трамп соопштил дека припадниците на тајната служба неутрализирале едно лице кое пукало од огнено оружје, додавајќи дека лицето е префрлено во болница.

Трамп рекол дека нема точни податоци за состојбата на лицето што е пренесено во болница, информирајќи дека тајната служба дополнително ќе даде соопштение на оваа темата.

Истакнувајќи дека тајната служба направила „добра работа“, Трамп им се заблагодарил на сите и продолжил со дневната агенда.

Трамп рекол дека не знае колку сомнителното лице и се приближил на Белата куќа, соопштувајќи дека по напуштањето на прес-конференцијата не бил пренесен во засолниште, туку во овалната соба.

Трамп во своето обраќање рече „Многу е жално што светот отсекогаш бил многу опасно место. Светот беше многу опасно место и во изминатите векови и мислам дека така ќе продолжи уште некое време.“

Од друга страна, тајната служба на социјалната мрежа Твитер потврди деке во подрачје што се наоѓа во близина на Белата куќа имало истрели од огнено оружје, додавајќи дека дополнително ќе бидат дадени повеќе информации во врска со настанот.