Имајќи ја во предвид потребата од изградба на верски објект (џамија) каде би се извршувало намаз и други активности поврзани со исламската вера, на 4 август оваа година се започна со изградба на џамијата која за прв пат се гради во ова населба, односно до почетокот на изградбата на оваа џамија немало верски објект, и истиот се гради за прв пат.

Првата темелна плоча беше поставена на 13.август 2020 година во присуство на жители од оваа населба.

Потсетуваме дека населба Гостиржани административно му припаѓа на општина Долнени-Прилепско и е мала населба со вкупното население од 200 жители, од кои 180 се припадници на исламската вероисповед.

Најголемиот број од жителите се занимаваат со земјоделски активности и не се во можност целосно да ги покријат трошоците на веќе започнатата изградба на џамијата, и од тука апелираат до сите оние кои сакаат и се во можност да ја помогнат изградбата на оваа Аллахова куќа да се обратат на долу објавените телефони.

Што се однесува до џамијата, станува збор за објект со површина од 130 м2 кој според предвидениот план, ќе ги задволува потребите на жителите на оваа населба, кои заради оддалеченоста на другите објекти надвор од ова населба, поголемиот дел од своите исламски обврски ги извршуваат дома.

Се надеваме дека ќе наидете на разбирање за оваа наша потреба, од тука апелираме  и се надеваме дека ќе ни помогнете во реализацијата (изградба) на оваа Алахова куќа која многу ќе значи за нашава населба – стои во известувањето доставено до редакцијата на Дубаи портал/

Контакт информации:

Mob: 070-531-844 (Фатмир), 070-693-527 (Махир)