Патот на човековото постојување некако е составен од Хиџра.  Уште од езелот (праискон) кога се создадени нашите души па потоа пратени на овој свет (дуњалук) со привремено престојување на него, на некој начин започнува првата Хиџра, па со напуштувањето на овој свет и животот во сите други димензии е исто така голема Хиџра, и целиот живот помеѓу овие две Хиџри се сведува поново на Хиџра, па така воочуваме дека човековата судбина е проткаена со Хиџра.

Сите ери во историскиот контекст почнуваат со некои големи случки, после кои ништо веќе не е исто, односно све е поинаку. Во 638 година вториот халифа Омер ибн Хаттаб р.а. ја одреди Хиџрата како почеток на пресметување на муслимаснката ера, но да спомнеме дека е на предлогот од Алија ибн Еби Талиб р.а. токму Хиџрата да се земе како почеток на сметање на муслимаснката ера. Од тогаш муслиманскиот, односно хиџретскиот календар е среден и единствен.

Хиџра во историски контекст е преселба на Мухамед а.с. од Мекка во Медина. Зборот „хиџретун“ во арапскиот јазик значи „преселување“, или овој збор е врзан етимолошки со глаголот „хаџере“ што значи „излегување“, што би етимолошки значело излегување на една мала заедница на муслиманите од Мекка, средина во која физичката егзистенција им беше загрозена, во тогашен Јесриб а денешна Медина, во која идеата на исламот наиде на плодно подрачје каде што веќе имаше доста луѓе кои се декларираа како муслимани. Целиот процес траеше околу три месеци, а последни кои ја напуштеа Мекка беа Мухаммед а.с. и Ебу Бекр р.а. а потоа и Алија р.а. кои остана во постелата на Мухаммед а.с. како би ја спречил сплетката и заговорот за убиство на Мухаммед а.с.,  но, да не навлегуваме во самите детали кои се општепознати.

Во Кур’анскиот текст, Хиџра со изведениците на овој збор е спомната на преку триесет места и тоа во сура Ен-Ниса и во сура Ел-Енфал пет пати, во сура Ет-Тевбе три пати, а по два пати во сура Ен-Нахл, Ел-Ахзаб, Ел-Хашр и Ел-Муземмил, додека по еднаш е спомната во сура Ел-Бекаре, Али Имран, Мерјем, Ел-Хаџџ, Ел-Муминун, Ен-Нур, Ел-Фуркан, Ел-Анкебут, Ел-Мумтехине и Ел-Муддессир.

Повеќе има ајети за Хиџра, потоа за Бедр, па за ослободувањето ан Мекка, затоа што без Хииџра нема ни Бедр, без Бедр нема ослободување на Мекка.

Хиџра од Мека до Медина (Јесриб), во 622 година, беше голема и тешка задача и испит за асхабите (другарите, следбениците) и за Мухаммед а.с. и тоа, за разлика од хиџрата во Абисинија, оваа беше фарз за секој муслиман, затоа што во Медина беше неопходно да се формира силна заедница, која ќе може да ги заштити интересите на муслиманите.

Хиџра се одвиваваше според Аллаховиот указ и Неговата дозвола. Асхабите заедно со Мухаммед а.с. беа принудени да ги напуштат своите домови, родниот крај и да го напуштат целиот свој имот, за да добијат слобода. Мухаџири се оние кој го напуштиа родниот крај и се иселија во Мекка а Енсарији се оние кој ги дочекаа мухаџирите и им пружеа засолниште и подршка.

Хиџра е пејгамерски суннет од сите пејгамбери од Адем а.с. па до Мухаммед а.с. Ситте пејгамбери имаа своја хиџра, за разлика од другите пејгамбери само Мухаммед а.с. имаше Енсарији. Колку е јак и јасен пејгамберскиот кадер се гледа и во тоа што Верека ибн Невфел кој ја познавал историјата на сите пејгамбери а.с., па кога му дојде првата објава на последниот пејгамбер Мухаммед а.с. тој рече: „Камо среќа да бидам жив па да ти помогнам, кога твојот народ же те протера“.

Со Хиџра се настави започнатата борба против незнаењето, насилството, угнетувањето  во сите форми, борба против лажењето, кривоколнењето, лицемерието, злото, како и борба против секој вид на надуеност, големштилок и самодопаѓање. Хиџрата преставува пресврт во историјата на човечанството, затоа што не подсетува на борба против сите социални зла и неправди, кои трајно нанесуваат несреќа како на душата така и на телото како што се: алкохолизмот, проституцијата, рекетот, лихварење во сите форми, каматарење, искористување и експлоатирање на човекот, суеверие и низ други зла кои ги оптеретувале народите во предисламскиот период и кои ги нарушувале честа и достоинството на човекот со непрегледни размери.

Хиџра значи уверување дека вистината сама себе си е доволна да го отвори и очисти патот кој ќе ја осигурува нејзината потполна вистинитос и потврда. Една од карактеристиките на Хиџра е тоа што се посакува и претендира на мир и спокојство меѓу луѓето во нивните меѓусебни упознавања и зближувања, врз основа на еднакви права како и признавање и уважување на поединецот врз основа на личниот капацитет и вредност, поштење и чеснот, богобојазност и доброта, а не врз основа на племеснкиот или материјалниот статус. Хиџрата ги повикува луѓето да живеат во слога и мир, еднакво како муслиманите меѓу себе така и со припадниците на другите религии, да ги решаваат меѓусебните спорови на мирен начин, и да не се заведуваат со шејтанот (сотона, ѓавол), кои сее раздор и неприателство помеѓу луѓето. Во Медина жевееја различни групи на луѓе, и тоа : муслимани кои го прифатија повикот на исламот и веруваа во објавата на Мухаммед а.с. и кого Мухаммед а.с.  ги нарече Енсарији;мухаџирите кои ја направија Хиџрата од Мека до Медина; Евреи и политеисти.

Помеѓу нив имаше вкоренета омраза кај ова население што честопати водеше во војни. Беше потребно политичко решение што ќе ги обедини различните аспирации во фрагментираната заедница. Првата активност на Мухаммед а.с  во Медина беше уредување на животот на Мухаџирите кои живееја во луксуз во Мека во најголем дел и биле принудени да го напуштат сето тоа, одејќи со својата вера. Па така беше воспостваено бартимење помеѓу Мухаџирите и Енсариите, да се помагаат во тешкотиа и сл. После тоа, Мухаммед а.с. реши да склучи договор со Евреите, па затоа напишал обемен договор меѓу нив и Енсарите и Мухаџирите. Во него се потврдува единството на муслиманите и дека тие се еден уммет, неприкосновеноста на животот, имотот, светоста на Медина и Евреите се согласија со тоа. Тие имаат своја вера и муслиманите имаат своја вера, а она што се случува меѓу оние што склучуваат договор и што би ја загрозило безбедноста, треба да се обратат до Аллах џ.ш. и Пејгамберот.

Со овој договор и братството меѓу муслиманите, мирот преовладуваше во Медина. Муслиманите ги извршуваа своите верски должности без страв од злоупотреба и нарушување. Зборот „устав“ во денешната терминологија би бил најсоодветен за овој договор, затоа што опфаќа сè што содржи уставот. Ова укажува на тоа дека Исламската држава се заснова врз уставни правни основи уште од самиот почеток. Ова воедно е првиот напишан документ за човекови права. Ова е мединска држава…… Ќе продолжи…

Мр.Мухамед Шемоски