Палестинската управа во знак на реакција против договорот за нормализација помеѓу Бахреин и Израел го повлече својот амбасадор во Манама.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Палестина се истакнува дека министерот за надворешни работи Ријад ел-Малики го повика амбасадорот во Манама, а како што се вели со цел да да бидат разгледани чекорите коишто ќе бидат фрлени против договорот за нормализирање на односите помеѓу Бахреин и Израел.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека по Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и една друга заливска земја Бахреин постигна договор по прашањето на нормализирање на односите со Израел.

Палестинскста ослободителна организација (PLO), постигнатиот договор помеѓу Бахреин и Израел го окарактеризира како „еден друг предавнички удар (убод) со нож врз палестинската кауза“.

По Египет, Јордан и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин стана четврта арапска земја која постигна договор за нормализација со Израел.

TRT