Шест лица се полесно повредени денеска во Анкара (Ankara), која беше погодена од ретка песочна бура.

Ветерот оштети неколку покриви на куќи и згради, откорна дрва, а граѓаните во паника бараа засолниште, пренесуваат турските медиуми.

Поради невремето имаше прекин на електричната енергија во центарот на градот, а пожарникарите им помагаа на оние што беа заглавени во лифтови.

Песочната бура ги погоди окрузите Олатл (Polatlı) и Хајман (Hayman) околу 15 часот по локално време, а претходно беше издадено предупредување за силен дожд и невреме.


„Dubai-Portal“

„Sputnik“