Британецот Луис Хамилтон, ја забележа седмата победа сезонава откако славеше на денешната трка за Големата награда на Италија, на патеката „Муџело“.

Ова е 90. победа за Британецот во Формула 1 и сега е на една победа до рекордот на Михаел Шумахер во најбрзиот циркус на денешницата, па очигледно е дека уште оваа сезона ќе биде неприкосновен на врвот.

На трката на која беа видени два рестарта и голем број откажувања, Хамилтон стартуваше од пол-позицијата и во поголемиот дел од трката имаше се под своја контрола.

Втор на подиумот се искачи Валтери Ботас, додека трет низ целта мина пилотот на Ред Бул, Александер Албон, за кого е прв подиум во кариерата.

Vecerpress