Холандскиот весник НОС (NOS) напиша дека Грција, прекршувајќи го меѓународното право, ги измачува имигрантите и ги турка назад кон морето, откако претходно им ги зема предметите и парите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во веста на НОС се наведува дека Грција ги турка назад кон морето мигрантите кои стигнаа до островите Лезбос и Самос.

Во веста се забележува дека туркањето назад е спротивно на меѓународното право и дека хуманитарните организации ги зголемуваат предупредувањата на таа тема.

Покрај тоа, во веста се наведува дека моторите на гумените чамци на мигрантите одвреме- навреме се уништуваат, и без разлика дали се работи за машко или женско се применува насилство кон мигрантите.

Меѓу другото, се нагласува дека мигрантите биле третирани како „животни“ и откако претходно ќе им ги одземат предметите, телефоните и облеката, ги враќаат во морето со гумените чамци.

Натали Грубер, одговорно лице на хуманитарната организација „Јозор“ („Josoor“), рече дека ситуацијата е алармантна.

„Туркањето назад секогаш е незаконски. Ако сериозно ги сфатиме меѓународното право и договорите што како Европа ги потпишавме за да им дадеме азил на луѓето, тоа никогаш не треба да се случи. Исто така, овие методи ги ставаат луѓето во опасност од морето“, нагласи Натали Грубер.

Во веста се истакнува дека екипите на Турската крајбрежна стража ги спасуваат мигрантите, додека Европа останува безгласна на тоа.

Исто така споделени се снимки и фотографии направени од страна на мигрантите.

Anadolu