ГАЗА (АА) – Бригадите „Изедин ал Касам“, военото крило на палестинската група на отпорот Хамас, соопштија дека извадиле стотици гранати од два потонати британски воени бродови на палестинскиот брег, јавува Агенција Анадолија (АА).

Командантот на групата, кој го користи псевдонимот Абу Муса, за телевизијата „Ал Џезира“, со седиште во Доха, изјави дека стотици минофрлачки гранати биле пронајдени во два воени бродови.

Уште еден член на Касам, кој го носи името Абу Салман, изјави дека гранатите биле тестирани од групата и дека тие успешно ги уништиле нивните цели.

Воениот брод „HMS M15“ на Кралската морнарица на Велика Британија потона покрај Газа во 1917 година за време на Првата светска војна.

За време на телевизиското интервју, бригадите „Изедин ал Касам“ соопштија дека успеале да произведат ракети од експлозивите оставени од Израел за време на војната во Појасот Газа во 2014 година.

Anadolu