Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 30 септември, јави МИА од Атина. Станува збор за двете министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици.

Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“ се за временскиот период од 16 до 30 септември 2020 година и се однесуваат патните и железничките поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и на Турција.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

R.S.E