Како што известивме на 14.август 2020 год, за почетокот на изградбата на првата џамија во населба Гостиржани, денес веќе добиваме уште поубава и радосна вест дека продолжува изградбата на овој верски објект, при што ни беа испратени фотографии од досегашната фаза од градбата.

Би сакале да ја известиме пошироката јавност, дека како што ќе забележите и од самите фотографии, од почетокот на поставување на камен темелникот на оваа Аллахова куќа на 4.август 2020 година за овој краток временски период, благодарение на нашите граѓани и сите оние кои на некој начин зазедоа учество, било со финансиска помош, работна рака и друго продолжуваме со изградбата и се надеваме дека за кратко време ќе ја завршиме градбата, која со однесува до делот на карабината и минарето.

Како и во претходното известување би сакале уште еднаш да ја известиме јавноста и сите оние кои на некој начин сакаат да ја помогнат оваа изградба, слободно може да нё контактираат на долу поставените мобилни броеви и навремено завршими изградбата на овој Аллахов дом, и истиот што поскоро ставиме во употреба за жителите на оваа населба, – стои во соопштението испратено до редакцијата на Дубаи Портал, од страна на Иницијативниот одбор за изградба.

А,ние почитувани уште еднаш потсетуваме дека станува збор за изградба на прва џамија во ова населба, која ќе биде во можност во својата просторија да прими околу 200 верници.

Моб:070-531-844 (Фатмир), 070-693-527 (Махир)

(Фото) Апел за помош на изградба на џамијата во населба Гостиржани, Прилепско.