Баерн Минхен на синоќешниот Суперкуп натпревар против Севилја, успеа да го надигра шпанскиот ривал во дополнителните 30 минути игра, со што само ја круниса својата доминација во Европа оваа сезона.

Тимот предводен од Ханси Флик поставува нови стандарди во европскиот фудбал и со победата од 2:1 испиша фудбалска историја, бидејќи Баерн Минхен со триумфот над Севилја го урна рекордот на Реал Мадрид од 2014-та година.

Тогаш составот предводен од Карло Анчелоти стигна до 22 последователни победи во сите натпреварувања, а овој рекорд беше активен се до вчера, кога Баерн стигна до 23-та победа во серија.

Ова го нема направено ниту еден тим од Топ 5 лигите во Европа и затоа новиот рекорд на Баерн е уникатен, но се разликува и по тоа што Баерн на својот пат во Европа нанижа некои од најсилните тимови на стариот континент.

Севилја беше последна во низата, а претходно потклекнаа Челси, Лион, Барселона и ПСЖ.

 

Derbi