По инцидентот во кој битолчани од ромската заедница беа тепани од полициски службеници откако направиле сообраќајка, на социјалните мрежи се најавува протест против полициската бруталност, „Ромалитико“, „Ромаверзитас“ и „Аваја“ ги повикаа на протест припадниците на ромската заедница и невладините организации, за да не се повторат сликите како оние во Битола.

Во јавноста излегоа слики и видео на кое полициски службеници тепаат граѓанин, а од полицијата соопштија дека е утврден нивниот идентитет.

Во соопштението на стои:

Во врска со настанот во кој беа претепани неколку граѓани во Битола од страна на полицијата, Иницијатива Аваја заедно со здруженијата, Ромалитико, Романо Авази, Ромаверзитас, Баирска Светлина, Сумнал, Ромско Јато најавуваме мировен протест на:

Место и време: Главна пошта – Битола од 12:00 -13:30
Маршута: Главна пошта до МВР Битола
Ние како организатори ќе обезбедиме редарска служба, маски и дезинфикциони средства.