Со неверување и чувство на голема тага ја примивме жалната вест за прераната смрт на нашиот сограѓанин, Подгорчанец, брат и пријател, хаџи Равман Адемоски.

Хаџи Равман беше исклучително чесен и вреден сограѓанин кој не ја криеше својата огромна љубов кон родното Подгорци, а посебно планината и воопшто природата.

Не постојат повеќе зборови кои би ја опишале оваа загуба, нам ни преостанува да се помолиме и посакаме Возвишениот Аллах џ.ш да го награди со џеннет, за сё она што го направи и правеше за сите нас Подгорчани и за сето она што тој се трудеше да го стори, не жалејќи го времето кое ќе го потрошеше за било кој од нас.

Како редакција на Дубаи Портал, ни беше посебна чест и задоволство што и тој беше дел од сите оние наши репортажи, преку кој на некој начин се обидувавме да ги пренесеме сите убави работи и проблеми, а за што Хаџи Равман секогаш ни излегуваше во пресрет.

А, нам како спомен, ни преостанува да Ви го пренесеме неговото учество во една од нашите преубави репортажи поврзани за Подгоречкото езеро и Подгоречката планина, а во која свој удел токму имаше и Хаџи Равман.

Проследете го нашиот разговор со хаџи Равман од 14 минута и 56 секунда до крајот на нашата репортажа.