Последно полицијата фати цел камион со крадени дрва на патот Струга – Дебар, а претходно во месноста „Орли“ во атарот на селото Црвена Вода во Дебрца заплени околу 15 метри просторни исечени дрвја, како и седум коњи натоварени со дрва. Кон сите дрвокрадци фатени на лице место се поднесени кривични пријави информираат од СВР-Охрид.

На неконтролирана сеча на Јабланица се уште алармираат и жителите на селото Октиси кои се жалат дека шумата е целосно опустошена, а никој не презема ништо.

Октишани зимата излегоа и на протести, ама освен ветувања дека ќе се реши проблемот на добија ништо во пракса. Сечата на диво си продолжила и летото, а и сега.

Жителите сметаат дека проблемите со дивата сеча можат да се решат само со поголема контрола и казни од институциите, но и прогласување на планината Јабланица за национален парк. Во спротивно можат да секнат изворите од кои селото се снабдува со вода.

24