Нема консензус за можноста Собранието да работи целосно или делумно „онлајн“. Премиерот Заев ги повика пратениците да бидат одговорни и да размислат за механизми како да не се попречува функционирањето на законодавниот дом ако се влоши состојбата со вирусот.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот – тоа е спротивно на Уставот.

Парламентарното мнозинство бара измена на Деловникот за работа на Собранието со кое на пратениците кои се заразени или имаат одлука за изолација и не можат физички да се појават на седниците, да им биде дозволено да гласаат од дома. За опозицијата, ова е алиби за покривање на веќе кревкото мнозинство во Собранието. За да се отстрани дилемата за броевите, опозицијата се согласува да ги даде своите гласови за законите што влегоа во процедура, но под услов, нивните амандмани да бидат прифатени.

Alsat-M