БЕРЛИН (АА) – Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија соопштија дека се длабоко загрижени поради одлуката на Израел да продолжи да гради станови во окупираните населени места на Западниот Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во заедничкото соопштение на петте земји се нагласува дека израелското проширување на населбите го крши меѓународното право.

Исто така се вели дека ваквиот став на Израел дополнително го загрозува решението за траен мир и две држави, и се додава:

„Длабоко сме загрижени од одлуката на Израел да продолжи со изградбата на повеќе од 4.900 станбени единици во населените места на Западниот Брег. Наспроти позитивните случувања што произлегоа од договорите за нормализација меѓу Израел, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, ова е контрапродуктивен чекор.“

Во соопштението се посочува дека оваа одлука на Израел ги поткопува и напорите за градење доверба меѓу страните.

„Затоа, повикуваме на итен прекин на изградбата на населби во Источен Ерусалим и на Западниот Брег, стопирање на евакуацијата и на уништувањето на палестинските градби“, се нагласува во заедничкото соопштение.

Во него се бара целосно спроведување на Резолуцијата 2.334 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Anadolu