Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, оствари телефонски разговор со министерот за национална одбрана на Азербејџан, Закир Хасанов, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.

Во соопштението се вели дека двајцата министри размениле мислења за последната состојба во операцијата што ја започна Азербејџан со цел спасување на своите окупирани територии.

Акар го осуди нападот на Ерменија врз Генџе, во кој загинаа цивили.

„Ерменија повторно ги масакрираше нашите азербејџански браќа без разлика дали се деца, жени и стари лица. Ерменија продолжува да врши воено злосторство, додека тие што упатуваат апел за преговори, продолжуваат од далечина да ги гледаат нападите. Тие што дале наредба за извршување на нападите со балистичи проектили врз цивилите, сигурно дека ќе одговораат за тоа. Историјата никогаш нема да ги заборави тие што останале неми на ова дивјаштво“, рече Акар.

Турскиот министер изрази верување дека Вооружените сили на Азербејџан нема да ја остават на земја крвта на загинатите цивили.

„Ќе продолжиме да стоиме покрај нашите азербејџански браќа во нивната борба за заштита на територијалниот интегритет и обединување на нивната територија, и ќе продолжиме со сите наши можности да ги поддржуваме во нивната праведна кауза“, додаде тој.

Акар упати честитки до азербејџанската Војска поради спасувањето на градот Фузули од окупацијата и поради рушењето на два ерменски воени авиона „Су-25“.

Турскиот министер посака милост од Господ за сите шехиди, а на повредените им посака оздравување.

Anadolu