Бројот на загинати цивили во ракетниот напад извршен во градот Генџе од страна на Ерменија се зголеми на 13, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Главното обвинителство на Азербејџан.

Во соопштението се нагласува дека ерменската Војска во ноќните часови извршила ракетен напад врз населените места во Генџе, кој е втор најголем град во Азербејџан.

Како резултат на погодувањето со ракета на повеќекатна зграда во зона каде што има цивили, животот го загубиле 13 Азербејџанци.

Се вели дека во нападот се повредени над 45 лица.

Во нападот на Ерменија оштетени се голем број куќи, деловни простории и возила.

Anadolu