Дури и пушачите кои редовно консумирале јаболка и круши станале поотпорни на хроничен бронхитис. И некои други растителни супстанции кои особено се наоѓаат во овие два вида овошја се од голема важност.

Овошјето и зеленчукот, како што е веќе добро познато, се многу здрави и го штитат организмот од многу болести. Но, јаболката и крушата имаат предност и кај хроничните белодробни заболувања кога ќе се споредат со другите видови овошје, заклучија истражувачи од Националниот институт за здравство во Билтовен во Холандија (National Institute of Health in Bilthoven, the Netherlands.).

Apple and pear varieties saved by Aberystwyth scientists - BBC News

Тие претпоставуваат дека секундарните растителни супстанции содржани во овие плодови – катехини (catechins), може да бидат одговорни за тоа. Точно 14.000 луѓе кои биле набудувани од тимот експерти и кои јаделе јаболка, страдале помалку од голема кашлица и оштетување на органите за дишење отколку другите, објави Б92.

Самите катехини (catechins), кои, на пример, се наоѓаат и во чајот и ги штитат срцето и крвните садови од болести, го немаат тој позитивен ефект кај белодробните заболувања.


„Dubai-Portal“

„Sputnik“