Утринава пред објектот на македонската влада на улицата „Илинденска“ во Скопје се појави магаре кое е врзано на еден од сообраќајните знаци.

-Засега е нејасно дали магарето дошло за друга намена или се работи за шега поврзана со финансирањето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Лидија Димова на проекти за тренинг на магариња, напиша порталот Експрес.