Вчера во просториите на долна џамија во населба Октиси, од страна на Шејх Хусеин Адеми беше презентирано новото издание, книгата „Палестина низ историјата“.

Пред присутните граѓани господинот Адеми изнесе дел од оваа книга преку која на некој начин како што рече да ја доближи Палестина до секој граѓанин преку нејзината историја која постоела отсекогаш, а за кој историја повеќето не се запознати односно не ја знаат историјата на овој народ, и токму целта за објавување на оваа книга е токму тоа, и оваа книга како таква мора да биде дел од китабаната на секое семејство.

Книгата претставува дело на авторот Тарик Сувејдан, и преку нашата обработка – превод, ќе се обидеме да ја доближиме до секој еден муслиман, истакна господинот Адеми. А, ние почитувани, во продолжение ви презентираме фотографии и видео запис од вчерашната презентација.