Потпретседателот на Азербејџан, Хикмет Хаџијев, истакна дека ерменската Војска користејќи ги своите воени авиони го прекршува примирјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Хаџијев ова го истакна преку објава на неговиот твитер-профил.

„Ерменската Војска, прекршувајќи го отворено примирјето, ги употреби своите воени авиони со цел да ги бомбардира позициите на азербејџанската Војска. Како можеме да ѝ веруваме на ерменската страна?“, напиша тој.

Инаку, синоќа во 00:00 часот по локално време стапи во сила привременото хуманитарно примирје за кое беше постигнат договор помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Anadolu