Почитувани, како што веќе известуваме за почетокот на изградбата на нашата џамија во населба Гостиржани, Прилепско, и овој пат како и во повеќето наврати би сакале да Ве известиме за моменталниот тек на градабата на оваа Аллахова куќа, како и потребата од дополнителните финансиски средства.

Сегашната градба (карабина) речиси е завршена, односно е при крај. Завршниот дел минарето веќе е достигнато до своите 17 метра од вкупните 35 метра.

Се разбира ќе ни бидат потребни финансиски средства за металниот покрив кој ќе биде од лим, уредувањето на внатрешноста-ентериерот, како и фасадата.

Досега работите со Аллаховата и Ваша помош се одвиваат според предвидениот план, а за понатамошната градба апелираме до сите оние кои можат и се во можност, и сакаат да ја помогнат оваа градба, овој Аллахов дом доста значаен за, жителите на нашава населба, во рамките на своите можности да се обратат до претставниците на иницијативниот одбор за изградба на оваа џамија.

Притоа во ова пригода би сакале да изразиме посебна благодарност до сите оние кои досега ја помагаа и ќе ја помагаат градбата на овој верски објект.

Иницијативен одбор за изградба на џамија на населба Гостиржани..

Моб:070-531-844 (Фатмир), 070-693-527 (Махир)