Зоран Милевски Кичеец утринава влезе во затворот во Струга. Тој неодамна доби упатен акт со денешен датум, по што утринава самиот пристигнал во затворот, каде ќе одлежи помалку од 3 години.

Бидејќи затворот во Струга е од отворен вид, многу е веројатно Кичеец само две недели да биде по 24 часа во затворот, а потоа доколку е работно ангажиран, да му биде дозволено да оди на работа, а по завршувањето на работното време повторно да се враќа во ќелија.

Fokus