Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, го осуди нападот со нож во катедралата во Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Го осудуваме грозоморниот терористички напад во катедралата „Нотр Дам“ во Ница“, напиша Калин на Твитер и изрази сочувство до францускиот народ.

„Тероризмот нема религија, јазик ниту боја на кожата“, додаде тој, нагласувајќи дека Турција ќе се бори со решителност и солидарност против сите форми на тероризам и екстремизам.

Три лица беа убиени, а неколкумина ранети во нападот со нож во близина на катедралата „Нотр Дам“. Полицијата го уапси осомничениот, и го однесе во болница откако се здобил со прострелни рани, јавуваат локалните медиуми.

Еден од жртвите е маж, а останатите две се жени. Полицијата потврди дека на најмалку едно лице му била отсечена главата.

Во одделен инцидент денеска, француската полиција застрела маж кој со пиштол ѝ се заканувал на полицијата во Авињон.