При претрес во затворот во Струга била откриена марихуана. Како што информира МВР, акцијата била спроведена од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската полиција од Казнено-поправната установа „Теферич“ Струга.

При контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу 19 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ.П. пронајдени се околу 250 грама марихуана.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга со цел понатамошно постапување за кривично-правниот настан и против осуденото лице кај кое беше пронајдена наркотичната дрога ќе биде поднесена кривична пријава.