Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган најави дека Турција за викендот ќе воведе органичување на движење на луѓето за да го спречи ширењето на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (AA).

Ердоган претседаваше на седницата на кабинетот во Претседателската палаа во Анкара, а потоа имаше обраќање до нацијата и истакна дека повторно воведување на рестриктивните мерки е неминовно поради брзото ширење на пандемијата и нејзините последици кои се болни.

Тој ги повика сите граѓани да ги почитуваат епидемиолошките препораки и одредби за носење заштитни маски, зајакната хигиена и социјална дистанца.

„Во текот на викендот на сила ќе биде забраната за движење, освен во периодот од 10 до 20 часот”, рече Ердоган и додаде дека таа мерка ќе се спроведува така да не ги загрози ланците на доставување и производство во земјата.

Ердоган исто така рече дека спортските натпреварувања ќе продолжат без публика.

Во сила и понатаму ќе биде ограничување на луѓето повозрасни од 65 години а таа мерка ќе биде проширена за викенд и ќе се однесува и на лицата помлади од 20 години, а нема да важи за оние кои се вработени.

„Киносалите во согласност со барањата на тој сектор до крајот на годината ќе останат затворени. Трговските центри, маркетите, фризерските салони, берберниците и сличните дуќани ќе работат од 10 до 20 часот”, рече Ердоган и доаде дека рестораните и кафулињата ќе преминат на пружање услуги на пакетирање и достава на производи.

Турскиот претседател Ердоган исто така најави дека наставата во училиштата до крајот на годината ќе се одржува во онлајн формат.

Тој рече дека и понатаму важи забраната за пушење во централните и најфрекфрентните улици на турските метрополи.

Потсетувајќи дека неодамна ја предводел турската делегација во посета на Турската Република Северен Кипар, Ердоган рече дека посебно била важна посетата на Марас, градот кој со поддршка на Турција за јавноста е отворен по 46 години.

„Во рок од петнаесеттина дена се завршени работите за асфалтирање, уредување на детските паркови, плажи, улици, банки и други услужни објекти. Нашата посета на Марас е показател на нашата решителност за забрзан развој на целиот тој регион”, порача Ердоган.

Турскиот претседател рече дека Турција неодамна е погодена од разорен земјотрес во Измир и дека тоа повторно укажало на ризиците од природните катастрофи и неопходноста од изградба на механизми на превенција и одговори на таквите катастрофи.

Тој истана дека Турција сите ресурси и служби ги стави на располагање на граѓаните и успешно во рекорден рок одговори на природната катастрофа во Измир.

„Градиме 1.750 станбени единици на местата на кои и беа. На утврдените резервни локалитети градиме додатни повеќе од 3.000 станбени единици кои ќе ги дадеме на семејствата погодени од земјотресот”, рече Ердоган и додаде дека Турција стана земја во која луѓето по природните катастрофи не се прашуваат каде е државата.