АНКАРА (АА) – Аеродромот „Истанбул“ ја доби наградата за дигитална трансформација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) Европа, објави денес Советот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Меѓународниот совет вчера ги избра најдобрите аеродроми во Европа, а аеродромот „Истанбул“ во Турција официјално е особено пофален за високите постигнувања во категоријата за над 40 милиони патници.

Соопштено е дека судиите сметaat дека аеродромот усвоил јасна стратегија за дигитализација со широк спектар на истражување на менаџирањето на воздушниот сообраќај на европското небо (СЕСАР) и други технолошки решенија.

„Меѓу решенијата е неговиот пристап до центарот за податоци за сите свои ИТ-услуги и блокчејн-платформата која овозможува проток на информации помеѓу аеродромот и останатите страни“, велат од Меѓународниот совет на аеродроми на Европа (ACI).

Истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ беше исто така пофален за постигнувањата во категоријата на 25-40 милиони патници.

Аеродромите во Европа беа наградувани во пет категории според протокот на патници. Аеропорти ди Рома С.п.а. е избран за најдобар аеродром во категоријата од над 40 милиони патници.

Аеродромите во Лисабон, Хамбург, Меѓународниот аеродром „Малта“ и аеродромот во Торино, соодветно, беа наградени во категориите од 25-40 милиони патници, 10-25, 5-10 и под 5 милиони патници.

Anadolu