Берлинската полиција уапси човек осомничен за убиство со сексуални мотиви, но и канибализам.

Апсењето се случило откако полицијата пронашла човечки коски во градскиот парк.

Форензичарите на полицијата велат дека жртвата е 44-годишен маж кој исчезнал пред два месеци, пренесува Би-Би-Си.

Кучињата трагачи и помогнаа на полицијата да стигне до осомничениот, 41-годишен професор по математика, пишуваат германските медиуми.

Луѓе кои го посетувале  Буч на 8 ноември пронашле човечки коски.

Неименуван полицаец за берлинскиот весник БЗ изјави дека на едната пронајдена коска немало месо, а има и други индиции дека жртвата Стефан Т. е жртва на канибал.

Осомничениот убиец, чие име и прва буква од неговото презиме ги објави полицијата – Стефан Р., присуствувал на „релевантни разговори на Интернет“, објави германската новинска агенција ДПА.

Жртвата, електроинженер, го напуштил својот стан на 5 септември нешто пред полноќ и не се вратил во него. Неговите цимери подоцна пријавиле дека исчезнал.

Германските медиуми го споредуваат случајот со случајот на Армин Меивес, канибал, кој беше осуден во 2006 година на доживотен затвор. Тој ја запознал својата жртва на интернет разговор посветен на луѓето заинтересирани за канибализам. Тој го снимил убиството на камера, а обвинителите откриле дека 44-годишниот Меивес ја убил својата жртва, 43-годишен маж, за да го задоволи неговиот сексуален нагон.