Претседателот Реџеп Таjип Ердоган рече дека „Вакцината којашто Турција ќе ја произведе во рамките на борбата против новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) ќе ја понудиме на услуга на целото човештво“

Ердоган од канцеларијата во палатата Вахдеттин во Истанбул преку видео конференција учествуваше на Самитот на лидерите на Г-20 со кој раководеше кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз.

Претседателот Ердоган во говорот во оваа прилика рече дека светот, особено развиените земји, не го положија тестот за солидарност и меѓусебна помош за време на епидемијата на Ковид-19.

Вакцината којашто ќе ја произведе Турција ќе ја понудиме на целото човештво. Платформата Г20 треба да подготви функционални механизми кои ќе обезбедат прифатлив и правичен пристап до вакцините за сите“.

Ердоган во говорот потенцираше дека „Турција, во рамките на основните принципи на Светската трговска организација е на страната на фер глобален економски раст и просперитет и споделување.

Досега освен тоа што дониравме грантови за 15 земји-членки на Г20, исто така ги исполнивме и дозволите за набавка и извоз од нашата земја“ рече Ердоган.

TRT