Арапската организација за човекови права во Обдинетото Кралство (АОХР) повика на бојкот на самитот Г20, што се одржува во Саудиска Арабија во сабота и недела.

Невладина организација која ги промовира човековите права и ги застапува правата на арапските граѓани започна кампања и реклами објавени во неколку познати меѓународни дневни весници како „Вашингтон пост“, „Гардијан“, „ЛА тајмс“, „Суддојче цајтунг“ и „Стар“ за да ги потенцира најголемите повреди на човековите права од страни на режимот на Саудиска Арабија и повика на бојкот на самитот Г20 во таа земја.

„Додека Саудиска Арабија го одржува самитот, тој продолжува да апси научници и активисти, жени и мажи и да ги лиши од основните човекови права при безобразно лицемерие“, соопшти организацијата.

Потписниците на изјавата истакнаа дека саудискиот режим го користи самитот за да ги прикрие кршењата на човековите права, како и злосторствата што ги прави во Јемен.