После завчерашните, и воопшто минатонеделните израелски воздушни напади врз иранските сили во Сирија, денеска се огласи официјален Техеран, ветувајќи му на Израел силен одговор, велејќи дека „ерата на израелските напади врз арапската република заврши“ (инфо Ројтерс).

Саид Хатибзаде, портпарол на иранското Министерство за одбрана, изјави на прес-конференција минатата вечер дека „ционистичкиот режим е добро свесен дека ерата на (неговите) напади и бегства во Сирија е завршена, и затоа тие се многу претпазливи“.

„Присуството на Иран во Сирија се заснова на легитимен повик и ако некој го прекрши, нашиот одговор ќе биде силен“, предупреди Хатибзаде.

Оваа реакција следеше по големите загуби на иранските сили во Сирија минатата недела во израелските воздушни напади врз осомничени воени објекти таму, вклучувајќи ги и иранските трупи, вклучително и офицерите на специјалните сили Кудс од Иранската корпус на исламската револуционерна гарда. Во тие напади, наводно, биле убиени десетици сириски, ирански и проирански војници.