Русија денес отвори нова кривична постапка против Јеховините сведоци, соопшти рускиот истражен комитет, додавајќи дека верскиот центар продолжил да работи нелегално.

Руските истражители соопштија дека вршат рации во повеќе од 20 различни региони низ целата земја во врска со истрагата, објави Ројтерс.

Врховниот суд на Русија во 2017 година пресуди дека групата е „екстремистичка“ организација и нареди нејзино распуштање, одлука што уследи по акцијата во која беа приведени десетици верници и беа поднесени кривични пријави против стотици.

(Вијести.ба / ФЕНА)