Аналитичар на настаните во Западна Азија тврди дека саудиските владетели, со угостувањето на ционистичкиот премиер, ги надминале исламските и арапските рамки и дека присуството на Нетанјаху во Саудиска Арабија е катастрофа за палестинскиот народ.

Медиумите денеска објавија дека Бенјамин Нетанјаху, премиерот на ционистичкиот режим во Израел и Мохамед бин Салман, саудискиот престолонаследник, тајно се сретнале во Саудиска Арабија. На состанокот присуствувал и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, како и шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Јоси Коен. Средбата се одржа во неделата.

Во врска со ова, Хасан Ханизадех, аналитичар за прашања од Западна Азија, во интервју за новинската агенција Фарс, го посочи патувањето на државниот секретар на САД во регионот со цел формирање хебрејско-арапски фронт против Иран. Тоа патување може да биде последно, како и последниот куршум испукан од Доналд Трамп пред да ја напушти Белата куќа.

„Патувањето на Помпео на окупираната Палестина беше придружено со настани, како што е неговата посета на окупираните Голански висорамнини, што покажува дека Америка не го почитува меѓународното право. Бидејќи, со резолуциите 338 и 242, Советот за безбедност на ОН ги смета Голанските висорамнини за дел од Сирија, а посетата на Помпеј претставува кршење на тие две резолуции “, рече тој.

Помпео, заедно со ционистичкиот премиер Бенјамин Нетанјаху, се состана со саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман, што е вовед во официјалното нормализирање на односите меѓу Ријад и Тел Авив

Ханизаде вели дека Саудиска Арабија е во голема мерка изолирана на светската сцена поради ужасните злосторства што ги извршила во Јемен, како и поради кршењето на човековите права. Тој го нарече режимот на Саудиска Арабија заостанат племенски и терористички режим кој мора да одговара за неговите злосторства.

Фактот дека саудиската династија смета дека Бенјамин Нетанјаху може да ја спаси од паѓање е показател за нејзината слабост, вели аналитичарот.

Саудиска Арабија ги прекрши сите човечки, исламски и арапски принципи и морал и се состана и разговараше со официјалните лица на ционистичкиот режим, особено со неговиот најголем криминалец и убиец на палестински деца – Бенјамин Нетанјаху.

Секој чекор што Израел го презема на прво место има за цел да создаде притисок врз Иран. Военото присуство во различни области, создавањето односи со Судан, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија покажува дека ционистичкиот режим сака да создаде најголем можен притисок врз Иран и да го намали неговото влијание во регионот.

Престојот на Бенјамин Нетанјаху во Саудиска Арабија е катастрофа за палестинскиот народ и Иран ќе продолжи да ја поддржува Палестина, без оглед на притисоците, рече Ханизаде.

„Со угостувањето на Бенјамин Нетанјаху, Саудиска Арабија излезе од исламските и арапските рамки и застана на страната на ционистичкиот режим против Палестина“, заклучи тој.