Легендарниот светски фудбалер, Диего Амрандо Марадона почина од срцев удар, јавуваат светските агенции.

60 – годишниот Марадона бил примен во болница како последица од срцев удар, но лекарите не можеле да го спасат.

Аргентинецот неодамна беше опериран, му беше изваден хематом од мозокот, операцијата помина успешно, по што тој во добра состојба беше пуштен на домашно лекување.

Во својата богата кариера со репрезентацијата на Аргентина го освои светското првенство во 1986 година, играше за Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја…

Марадона се смета за еден од најдобрите фудбалери во светот, некои го сметаат најдобар на сите времиња.

Извор:НоваТВ