Возачот (54) на автомобилот кој утринава удри во капијата пред владиниот кабинет на германската канцеларка Ангела Меркел е приведен, по што ќе биде сослушан, јавува Агенција Анадолија (АА).

По ударот, на местото на настанот пристигнаа голем број полициски тимови, а пристапот до зградата беше блокиран.

Udes ispred kancelarije Angele Merkel, na autu bila poruka

Како што е соопштено од берлинската полиција, возачот е приведен, а ударот предизвикал помала штета на објектот.

Локалните медиуми пренесоа дека најверојатно станува збор за политички мотивиран напад, бидејќи на десната страна на автомобилот стоел натписот „Запрете ја политиката на глобализација“.

„Проклети убијци на деца и стари луѓе“, беше натписот од другата страна на автомобилот испишан со бела боја.

Меркел и министрите беа во кабинетот на редовен состанок за време на инцидентот.