Сириската армија рано утрово соопшти дека Израел извршил воздушни напади во областа на јужните предградија на Дамаск.

Ова беше втор ваков напад во последните седум дена врз област каде што, според воените извештаи, иранската милиција има силно место.

Израелските воздушни напади беа извршени од правец на окупираните Голански висорамнини и предизвикаа само материјална штета, објави сириската армија.

Според војниците кои смениле страна во конфликтот, целта била воена база недалеку од населбата Кисва, каде што била сместена иранската револуционерна гарда.

Оваа област се наоѓа на 15 километри јужно од центарот на Дамаск.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад никогаш јавно не признал дека иранските сили дејствуваат во оваа област и тврди дека Техеран има само воени советници на теренот во граѓанската војна во Сирија.

(Вијести.ба)