Човекот како супериорно суштество е обдарен со еден благодет за кој многу ретко или скоро никако не е заблагодарен, а тоа е говорот. Неблагодарноста за овој благодет се огледа во тоа што многу често можеме да слушнеме лоши зборови и реченици изговорени баш од тоа суштество кое е како најсовршено и избрано битие на Земјата. Користење и разбирање на јазикот представува особина по која човекот се разликува од останатите живи битиа.

Многу се зборувало и се истражувало во научните кругови за јазикот, како Џон Лок, Вилхем Лајбниц, Лудвиг Витгенштајн, Бертран Расел, Брајан Маги и други, кои на крајот посебно Витгенштајн дале свој придонес за развивање на филозофијата на јазикот. Порано се мислело дека јазикот е систем на навика, вештина, вештина на делување и дека јазикот се постигнува со процесот на работа, поновување, асоцијација и др. Меѓутоа, ако внимателно погледнеме ќе забележиме дека луѓето не се учеле да зборуваат на некој посебен организиран начин, па и децата пред да одат на училиште веќе знаат да зборуваат (Овде станува збор за јазик како говор, а кога се учи уште некој друг јазик тоа е веќе нешто друго). Уште од првиот контакт со светот, нашата свест е веќе креирана и спремна за уечење на јазикот, односно говорот. Како што е нашето око створено и спремно за вид, така и нашата свест е спремна за учење на јазикот, освен оние кои имаат некоја посебна потреба во развојот, како што се случува и со другите органи, очи, уши и сл.

Да би ја разбрале врдноста на јазикот доволно е да се запрашаме само „ Што би било да нема јазик?“ Тогаш не би било можно да се воспостави држава, град, село, не би било можно воспостава на ниедна општесвена институција, би немало индустрија, производи, технологија, автомобили и др.

Дури и разбирањето на јазикот можно е само со помош на јазикот. Но не навлегувајќи многу во историјатот на јазикот и говорот воопшто, сакаме да поттикенеме на размислување за овој благодет кој ни го подарил Створителот и на кој начин човекот го користи или злоупотребува. Створителот ни кажува дека : „ Го создаде човекот, го поучи да објаснува“ (Кур’ан, 55/ 3-4), разбираме дека зборуваме благодарејќи на спосбноста која ни ја вградил Створителот уште со нашето раѓање, како што бил подучен и првиот човек Адем а.с. (Адам) : „ И Адем, тогаш, ги усвои некои зборови од Господарот свој…“ (Кур‘ан, 2/ 37). А сега да се присетиме на детството, кој од нас се одлучи на тешко совладување на јазикот? Кој од нас работеше на формирање на фондот на зборови, употреба на зборовите, и на учење на говорот, и кои методи се применуваа? Оној кој што ќе размисли сериозно, ќе разбере дека тоа се остварува благодарејќи на способноста која ни ја вградил нашиот Створител од самото раѓање, а околината и останатите луѓе се само средтсво кое придонесува да ја реализираме таа вградена способност. И секако, видете ја радоста на родителите, кога ќе го слушнат првиот збор од детето.

Кога веќе ја знаеме вредноста на говорот и тоа дека е голема благодет да си поставиме неколку прашања: Зошто тогаш ние зборуваме лоши зборови? Зошто ги навредуваме другите луѓе околу нас? Зошто со зборовите и говорот како благодет ги лажеме другите? Зошто пренесуваме туѓи зборови да ги скараме луѓето? Зошто уживаме кога некој ќе зборуба лошо за другиот? Затоа неприфатливо е колега да зборува лошо за колега, комшија за комшија, сограѓанин за друг сограѓанин, пријател за пријател и воопшто, човек за човекот. Дали сме свесни дека со тоа ја злоупотребуваме таа благодет од Створителот? Дали ни се случело да кажеме „ камо среќа да бев нем, да не го реков тоа“ и зошто си го дозволуваме тоа? Секој нека си бара одговори на овие прашања. Убавиот говор и убавите зборови на човекот никогаш не му се доста.

Честопати се случува некој со своите зборови и шеги не насмевнува, неговите зборови толку влијаат на нас дури ни го поправа расположението, влијаат на нашите емоции, убавиот збор некогаш не поттикнува да направиме нешто добро, со убавите зборови честопати решаваме некој свој проблем, а поговорката вели: Убавиот збор и железна врата отвора. Зборивите имаат моќ да го надживеат оној кој ги изговорел, па така и после неговата смрт ќе останат и ќе се прераскажуваат на другите луѓе кој што рекол. Од искуство знаеме дека некогаш зборовите нанесуваат повеќе и подлабоки рани него физичкиот допир, како што е речено: Раните од копјето ќе зараснат, но од јазикот не. Изговорениот збор не може да се врати, може да се додаде друг збор кој ќе го ублажи тој збор, но првиот останува, не може да се избрише. Створителот ни објаснува дека : „…Убавиот збор е како убаво дрво, коренот му е длабоко во земјата а гранките према небото“ (Кур‘ан, 14/ 24), исто така : „ И кажи им на робовите Мои да го зборуваат она што е најдобро, затоа што шејтанот, навистина, сее раздор меѓу нив. Шејтанот кон човекот, секако, е непријател отворен!“ (Кур‘ан, 17/53). Овде сме предупредени дека лошите зборови ќе посеат непријателство и раздор меѓу луѓето, а ние сепак ги косристиме.

Одамна е познато дека De mortuis nihil nisi bene за мртвите сѐ најдобро, и тоа е исправно, и во нашата вера така е препорачано, да не се навредуваат мртвите и да се спомнуваат по добро, но потребно е и за живите убаво да се зборува. На денешниот човек потребно му е повеќе убави зборови него било кога, затоа што денешниот човек како никогаш порано не држи до своите зборови, на денешниот човек зборот не му значи многу како никогаш порано, денешниот човек изговара зборови без размилување како никогаш порано, нашето битие е жедно за убави зборови како никогаш до сега, нашето битие е веќе навикнато на лоши зборови и не реаггира веќе, а кога ќе слушне убави зборови чудно е, а треба обратно. Убавите зборови постанаа чудни, а лошите вообичаени. Зборувајте им на луѓето убаво и зборувајте за луѓето добро и додека се живи, а од како ќе умрат секако ќе ги фалете. Затоа познатата изрека „за мртвите сѐ најдобро“ да не биде причина да зборуваме за живите кој како ќе стигне и на кој како ќе му текне, затоа што ќе дојде времето кога ќе се плаќа сметката за секој изговорен збор. Зборувај за мртвите сѐ најдобро, а за живите уште подобро.

Мухамед Шемоски