Поради сушата и зголемената потрошувачка на вода во домаќинствата, од почетокот на пандемијата на коронавирусот, Истанбул има вода за само уште 45 дена , изјави шефот на турската асоцијација на хемиски инженери, додека градоначалникот на Анкара изјавил дека во турскиот главен град вода има уште за наредните 110 дена.

Браните биле пополнети со само 19 проценти (споредено со 39,03 проценти две години порано), оставајќи само 138 милиони кубни метри вода за Истанбул.

Градоначалникот на Истанбул од Кемалистичката републиканска народна партија (ЦХП) Екрем Имамоглу апелираше до жителите да штедат кога користат вода. Мансур Јавас, градоначалникот на турската престолнина Анкара, во вторникот изјави дека градот има вода за само 110 дена, пренесува Дувар.

„Нивото на водата во нашите брани се намали на 20 проценти и имаме вода само за 110 дена“, објави тој на Твитер.

Извор:geopolitikanews